Фотографиите што циркулираа денеска на социјалните мрежи на кои се гледа како Катица Јанева минува на граничен премин не се нови, како што се претпоставуваше, туку се работи за стари фотографии од 2016 година.
Како што објавиле тогаш дел од медиумите, Јанева на 4 јули истата година била фотографирана на граничниот премин кај Дојран, преку кој ја напуштила земјава и заинала на одмор во Грција.
Овие фотографии привлекоа внимание со оглед дека Јанева деновиве исто така беше на одмор на Грција, додека истовремено нејзиниот глас се слуша во снимките објавени од Ла Верита за случајот „Рекет“.
Се уште е непознато дали Јанева се вратила во земјава, но во меѓувреме стручната јавност смета дека постојат доволно основи и индиции врз неа да биде изречена одредена меркa како одземање на пасошот, па дури и притвор.
Имено, Јанева се слуша како му вели на Орце Камчев да не се секира и дека се ќе биде ОК, во контекст на предметот на СЈО „Империја“, откако во разговорот ја вклучува првоосомничениот во предметот Бојан Јовановски – Боки 13, кој, пак, од Камчев зема пари.