(Фотогалерија)„Сивиот дом“ стана „Дом за бесење“

by fokus

 

Децата со социјални проблеми од „Ранка Милановиќ“, кои секојдневно бегаа од домовите, просеа и беа злоставувани, ги нема веќе во големиот темен дом. Заминаа во мали групни домови, но таму пак има деца што живеат со своите родители како во депонија, во ѓубре, мизерија, смрдеа и зараза меѓу руинираните ѕидини. Сликата што ја затекнавме беше грда и стравична, а се чини дека во догледна иднина нема да се поправи, со оглед дека институциите играат пинг-понг со одговорноста околу овој дивонаселен објект

Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

– Еве, видете, сликајте. Цело време доаѓаат сликаат, снимаат и пак ништо

– Четири години веќе сме овде. Од пред една година ни ја исклучија струјата, немаме ни струја, ни ништо. Навечер палиме оган да се згрееме. Вода има, ама не се бањаме, ладно е, кај ќе се бањаш сега. Переме на рака – вели жената.

Таму беше, во другата зграда. Сега не се седи веќе таму. Маж ми спиеше во една соба кога се запали. Грч пијан беше, едвај го извлече еден пожарникар, инаку ќе изгореше

– Нема ни струја, ни ништо. Стаорци има, големи колку половина рака. Ми ги касаат децата навечер. Ни фрлаат по пола леб на ден и толку 

„Навечер ќе запалиме оган, па од чадот, едно од децата ќе почне да се задушува, па морам да го носам во болница. Во државно не нѐ примаат, па мора приватно да плаќам

Фото: Томислав Георгиев

Поврзани новости