(Фотогалерија) Конечно почна вакцинацијата во земјава-вакцинирани 107 здравствени работници

by fokus

Конечно почна вакцинацијата против Ковид-19 во државава во Модуларната болница при Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде се вакцинираат вработените во оваа јавна здравствена установа.

До овој момент се вакцинирани 107 здравствени работници од Клиниката за инфективни болести. Имунизацијата од Модуларната болница се врши со 4680 од предвидените 8000 дози вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

Со пристигнувањето на другите дози вакцини во државата, ќе се врши дистрибуција на вакцини низ останатите здравствени домови во земјава каде вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови.

 

Фото: Томислав Георгиев

Поврзани новости