Николоски: Власта намерно не купува вакцини за кризата да трае подолго и народот да не може да излезе на улица

by fokus

Власта намерно доцни со вакцинирањето за корона кризата да продолжи што повеќе, а тие да можат да ловат во матно, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при посетата на компанија ФЈ “Инжинеринг” во Тетово.

Николоски критикува што Македонија е последна држава во Европа која почнува со вакцинацијата, а вели дека со донираната доза од Србија за два-три дена вакцините ќе се потрошат и ќе се вакцинираат само 2.000 луѓе.

-До овој момент, да имавме одговорна власт, а ја немаме, требаше Македонија да има откупено 2 милиони вакцини и милион луѓе да се вакцинираат. Тоа е она што би го направила одговорна Влада, но неодговорна Влада го прави ова што го прави. Еве јавно да прашам и да фрлам ракавица до власта, дали причината поради која не набавуваат вакцини е тоа што сакаат кризата да трае што подолго. Затоа што колку подолго трае кризата и овие рестрикции, толку подобро за власта, не може народот да излезе на улици и да протестира против оваа власт и да ја собори. Дали власта намерно не купува вакцини со цел кризата да трае подолго и да можат да ловат во матно, вели Николоски.

 

Поврзани новости