478
Паузата од еден час која ја побара ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница за разрешување на Марко Зврлевски, јавниот обвинител ја искористи да се напие кафе со Крсто Мукоски кој ја отвори вратата од Собранието на крвавиот четврток и со Трајко Вељаноски.
Фотографијата од Зврлевски во друштво на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја објави пратеникот Мухамед Зекири.
Јавниот обвинител пред паузата, од собраниската говорница изјави дека во јавноста важел за човек кој нема врска со политика.