679
Автомобилот на поранешниот градоначалник на Прилеп, Сашо Пирганоски синоќа три часа по полноќ бил запален пред неговата семејна куќа. На објавените фотографии може да се забележи дека возилото било целосно уништено.
На местото на настанот излезе увидна екипа на прилепската полиција, додека возилото на територијалната противпожарна единица пристигна дури 30 минути после пријавувањето на пожарот.
Детали околу мотивите и можните извршители не се соопштени.
Фотографиите се на Револуционер.мк