ФОТО Замениците на Џафери тргнати од дневен ред, Димовски вели дека законот може да предизвика криза

by fokus

Законот за употреба на јазиците ќе се разгледува како осма точка на дневниот ред на собраниската седница, на која по подолго време се вкрстија копјата меѓу власта и опозицијата. По бројните предлози на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Законот да биде преместен како 25-та, 30-та, петта, втора или претпоследна точка, Собранието сепак успеа денеска да го изгласа дневниот ред.

Иако имаше најава, на дневен ред не беше ставена точката за избор на потпретседатели на Парламентот. Пратеникот, Илија Димовски, претходно тврдеше дека со оваа точка, предложена во последен момент, ќе се држат маратонски седници на кои претседателот, Талат Џафери, ќе биде заменет во вечерните часови од неговите потпретседатели.

Фото: Томислав Георгиев

Димовски на прес конференција потоа изјави дека законското решение е еднострано и дека СДСМ е принудена да го донесе, што пак „може да продуцира криза.“ Тој повтори дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат во работата на Собранието само за Законот за употреба на јазиците.

Поврзани новости