(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ обвинува – „за надзорот на Коридор 8 и 10д ангажиран техничар со средно образование, со успех двојка“

by Fokus

„Од експерти никогаш доста, дали се тоа во железница, или одредени инспекторати, односно се експерти во надзор од коридорите 8 и 10д од „Бехтел и Енка“. Ако се анализира документацијата од тендерот за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d, ќе се увиди дека недостасуваат податоци за дел од експертите. Односно недостасуваат потпишани договори на дел од тие експерти со економските оператори што го имаат добиено тендерот или нивни подизведувачи“ соопштија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму наведуваат одредени податоци – имиња и презимиња на експерти, нивното образование и работно искуство.

„За позицијата С4. ИСПЕКТОР за објекти и конструкции од персонал за автопатска делница Гостивар-Букојчани е наведен извесен Никола Ч. Истиот е со средно образование градежен техничар со успех ДОВОЛЕН (2). За ова работно место е предвидена нето плата од 344.844 денари, односно 5.600 евра месечно“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости