Група на македонски планинари и велосипедисти рано утрово направија огромен успех, откако се искачија на највисокиот врв на планината Килиманџаро во Африка, Ухуру (5895 мети).
Велосипедистите Лазо Миновски, Никола Нескоски и Илја Деревјев, Русин кој долги години живее во Скопје, заедно со планинарите Ирина Дишовска, Нацков Кире и Филип Христов испишаа историја во авантуристичките спортови во Македонија. Тие во 05.50 часот по локално време застанаа на покривот на Африка.
Нив им беа потребни пет дена за да ја остварат оваа мисија, која на социјалните мрежи беше поздравена од целата македонска јавност.
Одлуката да се искачи највисоката точка на Килиманџаро била донесена во текот на вчерашниот ден, откако се дознало дека ќе има значително влошување на временските услови.
Ова е уште еден позитивен знак за македонските регреативци, кои продолжуваат да ја промовираат нашата земја насекаде низ светот.
Јорданчо Цветаноски