На инфективните оддели во земјава се лекуваат 616 пациенти со Ковид-19

by fokus

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 354 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 616 и има околу 418 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Поврзани новости