2.2K
Недостоинствени услови во затворот Идризово, пренатрупаност во собите, мувла по ѕидовите, прокиснати покриви и расипана храна се дел од сцените кои што денеска ги виде премиерот, Зоран Заев во овој казнено поправен дом.
Според Заев затворот покажува дека во Македонија не функционираат програмите за ресоцијализација на осудените лица. Тој рече дека се срами што е премиер на земја со вакви затвори.
Премиерот разговараше со осудените и ги праша како преживуваат, што им треба и како да им се помогне. Изјави дека дел од затворот не е ниту за реконструкција, но дека има дел што може да се обнови за да се овозможат услови според минимум стандарди. Едно од решенијата за кои што размислува Владата е и донесување на Закон за амнестија.