859
Вевчани денеска направи пародија од она што се случуваше изминативен месеци во Собранието, а што резултираше во петокот со гласање за уставните измени. Новото име на државата Република Северна Македонија се најде на неколку маски инспирирани од актуелните случувања.
На една од маските, василичар маскиран во министерот за здравство Венко Филипче, носеше транспарент на кој пишуваше „Парите за 3-то дете ги подели на пратениците“.
Во прилог фотографии на Томислав Георгиев од највпечатливите маски на овогодишниот карневал.