Фото: Уште 80 професори му пишаа писмо на Груевски против новите „реформи“ во високото образовование

by Фокус

Откако претходно, 110 професори преку комерцијален оглас му напишаа отворено писмо на премиерот Никола Груевски дека со новите законски измени се крши Автономијата на Универзитетот, со уште едно писмо до него се огласија уште 80 професори од светски универзитети. Тие преку оглас му се обраќаат на премиерот,  обидувајќи се да му предочат зошто воведувањето на државниот испит не треба да се случи.

– Ние, долупотпишаните, професори и учени од сите страни на светот, пишуваме да ги изразиме нашите најдлабоки грижи во врска со последните акции на Министерството за образование и наука за измена и дополнување на Законот за високо образование, и сакаме да ја изразиме нашата солидарност со протестантите од Студентскиот пленум и нивните поддржувачи од универзитетскиот кадар и македонските граѓани. Било кој политички аранжман кој бара да се нарекува демократски мора да дозволи автономија на неговите високо-образовни институции. Токму во оние институции каде критичката рефлексија врз карактерот на општеството – неговиот политички контекст, неговиот економски систем, неговите инсталации на моќ и неговата културна продукција – може да биде изведувана на ригорозен и непопречен начин, од оние кои партиципираат во тоа општество – се наведува во писмото до Груевски.

Поврзани новости