841
Фотографии од заробени руски војници на украинска територија на Твитер објави Министерство за одбрана на Украина.
„Војниците на 93-та механизирана бригада заробија двајца руски окупатори. Tие беа од 423-от моторизиран пешадиски полк Јампол, воена единица 91701“, се вели во објавата покрај фотографиите.
Информирајќи за ситуацијата во земјата, Министерството објави дека од 15:00 часот по локално време продолжуваат борбите по целата линија на контакт, дека нема пробив на руските сили, но се водат жестоки борби.
„Руските окупаторски сили се обидоа да ја пробијат одбраната со употреба на 16 тенка. Нашата војска користеше ракети и уништени 3 непријателски тенка“, се вели во информацијата од украинското МО.