ФОТО Трајковски испрати фотографии за да покаже дека е претепан, судењето за ТНТ одложено за утре

by Фокус

Обвинетиот Тони Трајковски, по дадениот рок од еден час, не се појави на судењето за случајот “ТНТ”, бидејќи, како што рече неговиот адвокат, отишол на друга клиника за дополнителни прегледи.

-Ми се јави дека треба да прави дополнителни прегледи, а треба да прими и вакцина за тетанус, бидејќи бил нападнат со метален предмет – рече адвокатот Јовица Страшевски, кој посочи дека Трајковски испратил фотографии од повредите.

Трајковски синоќа бил примен во Ургентиниот центар, бидејќи, како што рече неговиот адвокат, бил претепан.

Судијата Огнен Ставрев пак посочи дека пред почетокот на рочиштето му се јавил на докторот кој му рекол дека Трајковски е во добра состојба и е пуштен да си оди дома.

Тогаш, судијата даде рок од еден час да се појави во судница, или ќе биде стражарно приведен.

В.В.

Поврзани новости