Фото: Студентите од Тирана им дадоа поддршка на македонските студенти

by Фокус 18:52
18:52

Студентските протести организирани во Македонија се следат со големо внимание од студентите во Тирана и Студентското Движење “За Универзитетот”. Студентите од Албанија денеска се солидаризираа со македонските студенти, а неколку фотографии на својот фејсбук профил објави аналитичарот Арсим Зеколи.

– Барањата на студентите за автономија на Универзитетот, намалување на давачките за студирање, подобрување на условите на живот и студирање и зголемување на еманципаторската улога на студентите во општеството, се барања на студентите насекадо во регионот и пошироко – се наведува во испратената поддршка.

- Advertisements -

Студентското движење “За Универзитетот” се солидаризира со барањата на студентите во Македонија. Вашата кауза е наша кауза! Вашата борба е наша борба!

1798141_10203314683369595_6354263587653241784_n

10407430_10203314682849582_2483692319820450000_n

10450654_10203314683009586_4440808232568475906_n

 

Поврзани новости