425
Во моментот, стотина полицајци се распоредуваат околу Собранието, но полициски сили можат да се забележат и во околината на Законодавниот дом.
Се претпоставува, дека МВР презема безбедносни мерки, со оглед на тоа што вечерва на полноќ треба да биде избрана новата влада. Покрај овие безбедносни мерки, полицијата ја затвори за сообраќај еднонасочната улица, која минува позади Собранието и во моментот ги пренасочува возилата.
Со оглед на тоа што се случи на 27 април, крвавиот четврток кога Талат Џафери беше избран за собраниски спикер, седумина пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја пуштија толпата народ внатре во Собранието, при што беа нападнати и едвај спасија жива глава пратениците од парламентарното мнозинство.
В.В.