706
Демонстрантите од Шарената револуција во моментов се пред Владата каде полека протестот завршува и граѓаните си заминуваат. Додека се движеа кон Владата, под подвозникот запалија бакли па се создаде слика како на фудбалски стадион.
Претходно, тие поминаа пред Министерството за внатрешни работи, кое повторно беше обоено со балони со боја.