Крушево се подготвува за најголемиот празник на градот, Илинден, но, оваа година празникот ќе изостане без вообичаена прослава овој ден.
Ако во изминатите години имаше и културни манифестации и концерти, овојпат тоа ќе помине само со протоколарниот дел на споменикот „Македониум“, каде вечерва ќе се обрати првиот човек на градот, Томе Христоски.
Раздвиженоста низ градот е слаба и невообичаена кога станува збор за овој празник. Присутни се најчесто домашни туристи, за разлика од претходните години кога параглајдеристи од странство и земјава, престојуваа низ текот на целото лето и се одржуваа различни натпревари во параглајдеризам.
Вчера попладне пристигна и коњаницата во градот, кој овие месеци трпи големи загуби во туризмот поради кризата предизвикана од корона вирусот.
Текст и фото: Јорданчо Цветаноски