782
Откако пред два дена „Фокус“ објави за контејнерите со катран кои беа оставени на падините на Скопска Црна Гора, денеска истите беа отстранети од Инспекторатот за животна средина.
Планинарите ја изразија својата среќа што четирите канистри од по еден тон конечно се отстранети и планината ќе може слободно да дише.
Тие се надеваат дека ваквите ситуации нема веќе да се случуваат во Македонија, а несовесните сторители ќе добијат соодветна казна.
Јорданчо Цветаноски