(ФОТО) Симон Трпчески замина во Ерменија, каде неговата ќерка ќе ја претставува Македонија на Јуниорски Евросонг

by Fokus

Популарниот пијанист Симон Трпчески е во Ерменија, каде на 11-ти декември ќе се одржи Детската Евровизија.

Неговата ќерка Лара заедно со Ирина и Јован годинава ќе ја претставуваат Македонија на настанот со песната „Животот е пред мене“ чиј автор е пијанистот. Тој објави видео снимка од црвениот тепих за време на отворањето на Детска Евровизија, каде заедно со децата и членови на нашата делегација пристигаат веејќи ги македонските знамиња.

-Не верував дека ќе се вратам во пријателската Ерменија по само девет месеци од мојот концерт со Ерменската Филхармонија во Ереван во февруари 2022 година. Ја искусуваме чистата енергија со толку многу деца на церемонијата на отворањето на Јуниорскиот Евросонг! Нешто кое сите го живеевме некако за време на нашето детство, преку телевизијата. А сега, со поддршка на тимот на Македонија, овде во Ереван. Чистата детска енергија нека го преплави светот – порача Трпчески.

За разлика од Детската Евровизија, земјава нема да учествува на манифестацијата Евросонг која ќе се одржи во Британија во мај 2023 година. Како што информираа од јавниот сервис МРТ, причината е финансиската криза.

Вики Клинчарова

Поврзани новости