(ФОТО) Си ја отсекол раката, на Клиника во Скопје му ја сошиле

by Fokus

Еден човек си ја отсекол десната рака работејќи со моторна пила, а на Клиника во Скопје, лекарите успеале да му ја сошијат, но и да биде функционална.

„Утрово на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија го посетив 54 годишниот Џафер Алија, на кој му беше реплантирана десната рака. Пред месец ипол Џафер се самоповредил, си ја отсекол десната подлактица, работејќи со моторна пила и на Клиниката бил примен во тешка состојба. Сега пациентот се чувствува добро, неизмерна е неговата радост што десната рака повторно може да ја користи. Ваков вид операција на Клиниката нема направено изминативе триесетина години, за успехот им честитам на моите колеги лекари и целиот медицински тим“, рече Филипче.

 

Поврзани новости