554
Од денеска по скопските улици можат да се видат новите еколошки автобуси што ги набави Град Скопје.
Од утре, по скопските улици !Еден поинаков јавен превоз …Скопје, една поинаква приказна …#Скопје#ЧекорПоЧекор
Publiée par Петре Шилегов sur Jeudi 9 juillet 2020
– Еден поинаков јавен превоз … Скопје, една поинаква приказна …, напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот фејсбук профил.
Град Скопје потпиша договор со хрватски МАН за набавка на 33 нови автобуси на гас кои ќе бидат дел од возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), од кои 21 се нископодни со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со капацитет од 149 патници. Задоволуваат стандарди за емисија на издувни гасови ЕУРО 6.