Шарената револуција го почна протестот пред канцелариите на СЈО, за да ја потсети власта дека рокот за нивните барања истекува.
Ултиматумот на „шарените” е до 18-ти јуни, а до денес ниту Уставниот суд не ја разгледал иницијативата за уставноста на СЈО, ниту пак се поништиле кривичните пријави за демонстрантите.
Демонстрантите покрај ултиматиумот, потсетуваат и на барањето за оставка на целата актуелна влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
-После најновата вест за напуштањето на бродот кој тоне од страна на Ставрески, потсетуваме дека не побаравме оставка на еден министер, туку оставка од цела актуелна влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори – велат од Шарената револуција.