1.9K
Предмалку се запали дел од зградата што ја гради компанијата „Настел“ во скопската населба Тафталиџе, во близина до поранешна Алумина. Екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје го локализираа пожарот, во кој нема повредени, туку само материјална штета.
„Ве известуваме дека пожарот на објектот во градба Комплекс Тафталиџе – Ламела 5 е изгаснат и нема простор за паника бидејќи истиот нема предизвикано никаква штета“, соопштија од Настел.
Инаку, жителите на Карпош изминатите години повеќе пати протестираа и реагираа против дозволата за изградба на оваа зграда, која ја даде поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски.
Фотографиите се преземени од социјалните мрежи