(ФОТО) Се смирија Самка и Амди

by fokus

По изгласувањето на уставните измени, се смирија Самка Ибраимоски од ПЦЕР и Амди Бајрам од Сојуз на Ромите. Вечерва на социјални мрежи кружи фотографија на која довчерашните лути противници се прегрнати и насмеани.

Ибраимоски се огради од влегувањето на Амди Бајрам во владината коалиција, со образложение дека злоделата на неговата партија не можат да се заборават.

-Да се борите против партија која правела малверзации и човек кој е со криминално досие да го земете во коалиција за нас како партија е апсурд, рекоа тогаш од партијата на Ибраимоски.

Поврзани новости