(ФОТО) Се реставрира гробното место на Тоше Проески во Крушево

by Fokus

Речиси два месеци интензивно се работи на реставрација на гробното место на македонската поп-икона Тоше Проески во неговото родно Крушево.

Премиерот Зоран Заев уште пред две години најави дека ќе се реставрира вечното почивалиште на македонскиот пејач, кое ќе чини 150 илјади евра.

Инженерот Зоран Манев од изведувачот на објектот „Енергоинвест“ од Скопје, верува дека ќе ги послужи доброто време со цел објектот да биде готов за неколку месеци.

„Армирачко-бетонските работи би требало да завршат до јануари наредната година. После тоа има работа со мермер, внатрешен дизајн. За тоа мора да има и временски услови за да може да се заврши. Ако имаме убаво и топло време, целиот објект би можел да биде готов во март или април 2020 година“, истакна Манев.

Автор на идејното решение е Жарко Чаушевски, кој бил и единствениот пријавен на конкурсот.

Тоше Проески трагично го загуби животот на 26-годишна возраст во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, на 16-ти октомври, 2007 година.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости