Македонскиот автор Анде Јанков вчера се ожени со својата долгогодишна девојка Росана и после 10 години одлучија да ја официјализираат својата врска.
Во разговор за „Фокус“ тој раскажа како се запознале, а неговата прва книга „Едно лето на Крит“ биле инспирирана токму од таков настан.
„Првиот заеднички одмор како момче и девојка ни беше на Крит. И оттаму произлезе целата инспирација за мојот прв роман „Едно лето на Крит“. Врската ја започнавме во 2012 година и две работи не споија. Љубовта кон фудбалот и патувањата“, вели Јанков.
Освен „Едно лето на Крит“, Јанков е автор и на триологијата за инспекторот Виктор – Виенски гамбит, Сигурен ризик и Само Бог простува.
Како што додава тој, негово најново дело кое ќе биде продолжение на овој серијал, се очекува да излезе во 2024 година.
Фото – Зоран Николов
Јорданчо Цветаноски