482
Фотографија која е снимена утринава од Водно ја покажува загаденоста и маглата која го покри Скопје. Градот не се гледа од густината на маглата и смогот во кој се гушат скопјани. Од друга страна, само на Водно може да се дише.
Мерните станици утринава покажуваат енормно ниво на загаденост. Концентрацијата на штетните ПМ10 честици достигнува и до четиристотини микрограми на метар кубен. Најзагадено е во Центар, Карпош, Гази Баба и Ново Лисиче.
Густата магла утринава предизвика и десетина сообраќајки по улиците на Скопје. Сообраќајот се одвива по влажни коловози, но намалената видливост го попречува нормалното возење.
Фото: Томислав Георгиев