Ѓубре кое претекува од контејнерите, расфрлани кеси, облека и фрлена храна, ваква слика утринава може да се забележи во населбата Тафталиџе во Општина Карпош според фотографиите што се споделуваат преку социјалните мрежи. Граѓани го обвинуваат градоначалникот и неговата администрација, кои очигледно не можат да постигнат да се погрижат за основните потреби на граѓаните во оваа Општина.
„Контејнерите што се по улиците, задолжително да се одстранат од сообраќајниците и да со поставуваат кон внатрешноста на минимум растојание од 3 до 5 метри одалеченост. Со досегашната пракса на поставување на контејнерите на самата улица се загрозува животот и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Поради таквата несоодветна поставеност страдаат многу кучиња и мачиња од прегазување додека прегладнети се во потрага по корка леб.”, бараат граѓанските активисти.