860
Движењето за климатска правда „Петоци за иднината“ попладнево одржа краток протест пред Владата на Македонија.
„Почитувајте ја вашата планета“, „Системски промени“ беа дел од транспарентите кои ги донесоа младите активисти денеска пред владата на кои им се придружија и Мариглен Демири и Здравко Савески од Левица.
Никола Јовановски, активист од „Петоци за иднината“ порача дека и покрај протестите, од Владата не е покажана никаква иницијатива за средба.
„Ние бараме да се прогласи климатска криза. Да се воведат барања во образованието. Досега не сме биле на средба во Владата, иако имало повеќе вакви протести. Не сме виделе дали ќе се прават такви чекори“ истакна Јовановски.