Ова се просториите каде осудениците во Идризово ја спроведувале нивната операција за бегство преку подземен тунел. Во овие простории затворениците доаѓале кога биле пуштани на шетање да си ги протегнат нозете. Затворската полиција ретко, или никогаш, не влегувала во овие објекти. Тие вчера беа срушени со цел тунелот да се открие и да се изјаловат плановите на затворениците.
Од фотографиите, кои ги објави Алсат ТВ, може да се види и кофата со која била извлекувана земјата, како и кабелот кој им служел да си го осветлат патот под земја. Земјата најверојатно завршувала во контејнетите кои се наоѓале во близина на овој објект, кој порано служел како работилница и како остава за јаглен.
Бетонот на подот е од неодамна поставен, најверојатно откако осудениците дознале дека се под лупа. Поради бетонот затворската управа се посомневала дека таму има нешто.
Телма направи анимација преку Google maps во кој дел од затворот се протегал тунелот. Со оглед на тоа што бил во должина над 50 метри, видливо е дека затворениците биле многу близу до оградата и дека фалело малку за да дојдат до другата страна.
View this post on Instagram