По зачестените сообраќајни несреќи, во кои имаше повеќе жртви, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата започна со кампањата,„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ која има за цел да ги заштити најмалите учесници во сообраќајот и да ја подигне свеста кај возачите за совесно управување со возилата“.
– На големо задоволсто на сите, кампањата е одлично прифатена од целата јавност, како и од познатите личности кои се активно вклучени во истата и даваат свој придонес за нејзина реализација. Во продолжението на кампањата, пораките напишани на веќе добро познатите жолти табли упатија и глумците од македонските народни приказни со кои сите израснавме, Шенка Колозова, Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски, потоа глумците Сашко Коцев и Оливер Митковски, познатиот диригент Борјан Цанев, водителката Елена Стојановска, колумнистот Богдан Илиевски, познат на јавноста како Бетмен и вардаровите ракометарки – велат од РСБСП.