Фото: Притисок кон газдата на „Излет“ кој протестира со Шарената револуција

by Фокус

Сопственикот на кафулето Излет, Огнен Узуновски, на својот Фејсбук профил објави фотографија од влезната врата на објектот на која утрово имало боја, фрлена во текот на ноќта.

Тој е еден од поддржувачите на Шарената револуција и редовно може да се види на протестите каде демонстрантите бојат објекти во јавна сопственост.

Узуновски напиша дека ова нема да го поколеба, туку е дополнителен поттик за учество на протестите.

– ШТЕТНИЦИТЕ не запираат!!!ЗАМИСЛЕТЕ само како се ОСЕЌАЛЕ навечер кога ДОШЛЕ СКРИШНО да ФРЛАТ БОЈА на Излет Кафе?Од сега натаму АПЛА ‪#‎ПРОТЕСТИРАМ‬ ! – пишува во својот фејсбук статус.

13244838_10208044851950520_5676874631875791388_n-670x503

 

Поврзани новости