809
Група пратеници од помалите парламентарни партии денеска доставиле барање до претседателот на Собранието, Талат Џафери, во најкус можен рок да ги стави на дневен ред Предлог-измените на Изборниот законик, дознава „Фокус“.
Со измените се предвидува Македонија да биде една изборна единица со пропорционален изборен модел и без праг.
На барањето се потпишани и Павле Трајанов, Маја Морачанин и Моника Зајкова.
К.С.Б.