442
Билборд со кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ, Саша Богдановиќ, е залепен со плакати на неговиот противкандидат Дејан Јовановски, како и со кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски.
Од СДСМ обвинија дека зад овој чин стојат нивните политички опоненти од ДПМНЕ, кои, според социјалдемократите, ги уништуваат билбордите поради паранојата што ги фаќа од изборен пораз.
„Ова не е првпат да се спроведува ваков чин од страна на опозициските активисти кои со вакви мерки се користеа и на претходните изборни процеси“, велат од партијата, апелирајќи надлежните органи да реагираат и да ги спречат ваквите девијантни појави.