699
На традиционалната годишна прославата што вчера ја одржа Сојузот на стопански комори присуствуваа многумина гости од јавниот живот, политичката сцена, бизнис-секторот…
Покрај останатото, привлече внимание дијалогот меѓу претседателот Стево Пендаровски и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, кои се уште немале ниту една официјална средба по изборот на Пендаровски за шеф на државата.
За време на предизборната кампања, тој најавуваше дека целта му е првото кафе по изборот да го испие со опозицискиот лидер, меѓутоа Мицкоски досега одбиваше средба.