Пожар во близина на манастирот „Свети Димитрија“ кај прилепско Селце

by fokus

Пред околу еден час избувна голем пожар кај манастирот „Свети Димитрија“ кај прилепското село Селце.

Пожарот се прошири накај блиската борова шума и засега нема опасност за манастирот.

Единицата на прилепската Противпожарна единица е во манастирот на терен, а поради страв пожарот да не го зафати манастирот покрај пожарникарите се ангажирани и вработени во јавните претпријатија.

Се очекува интервенција на авиони канадери за гаснење на пожарот.

Поврзани новости