На социјалните мрежи се појавија фотографии од студентскиот дом „Стив Наумов“ на кои се гледа дека по подовите и ѕидовите растат огромни печурки.
На оваа реагираа и од СДСМ за што велат дека било срамно власта да се фали со два реконструирани павилјони кои прокиснуваат после првиот дожд и студентите се опкружени со влажни и мувлосани ѕидови.
-Студентите во студентскиот дом „Стив Наумов“ со страв одат во тоалет, се тушираат со ладна вода со отворени врати. Во мизерни услови, под секое човечко достоинство живее нашата младина! Од оваа година власта ги контролира и студентските оброци кои се сведени на два во денот. Често нема доволно оброци за сите студенти па тие мораат сами да се снаоѓаат. Студентите ги бараат и своите платежни бонови, со кои може да купат храна, затоа што електронската картичка не е гаранција дека ќе го добијат трошниот студентски оброк, велат од СДСМ.