(ФОТО) Одбојкарска брачна двојка загина во земјотресот во Турција

by Fokus

Од Турција постојано стигнуваат тажни вести по вчерашниот катастрофален земјотрес кој ја зафати и соседна Сирија.

Медиумите пренесуваат дека во земјотресот загина и одбојкарската брачна двојка Бетул Чобан Чакир и Бедретин Чакир.

Од клубот „Меринос Волибол“ ја потврдија оваа информација и испратија порака за сочуство за нивните најблиски по ваквата трагедија.

Турската агенција за итни случаи соопшти дека 5.775 згради се уништени во вчерашниот земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, по кој следеле 285 афтершокови.

Поврзани новости