Само најблиското семејство на погребот на охридската инфлуесерка Маја Јанеска

by Fokus

Охридската инфлуенсерка Маја Јанеска (39) била погребана на гробиштата во нејзиниот роден град откако пред 20 дена нејзините посмртни остатоци биле пренесени од Танзанија во земјава. Веста дека инфлуенсерката, позната во јавноста како Маја Миа била погребана во Охрид, само во присуство на најблиските членови на семејството, ја објави порталот Охрид скај.

Како што пренесе медиумот, никој од политичката сцена и бизнис елита не бил присутен на погребот, иако Јанеска во минатото често објавуваше фотографии со познати политичари и бизнисмени. Од она кое јавноста го знаеше за охриѓанката која имаше огромен број на следбеници на социјалните мрежи, таа живеела околу две децении во Африка.

Неодамна пред да почине, објави фотографии со македонски политичари и бизнисмени и откри дека дошла во Македонија со цел да се воспостави дипломатска, економска и образовна соработка помеѓу земјата и африканските земји. Тогаш одржа и говор пред студенти на Универзитетот АУЕ-ФОН. Нејзината смрт првин во африканските медиуми беше опишана како самоубиство, а потоа се објави вест дека бил приведен нејзиниот партнер, под сомнение дека ја убил младата жена.

Вики Клинчарова

Поврзани новости