Фото: Новото седиштето на ВМРО-ДПМНЕ добива лик

by Фокус

f

ВМРО-ДПМНЕ точно пред две години преку оглас најде фирма која ја сруши зградата во која се наоѓаше седиштето на партијата и сега гради нов неколку пати поголем објект. Според огласот, владејачката партија во дилот влезе како сопственик на земјиштетото во центарот на Скопје додека гредежната фирма е таа што инвестира. Како што се гледа на фотографиите, карабината на објектот е готова.

Огласот излезе во весникот „Дневник“ и во него пишуваше дека максималната дозволена висина на новиот објект треба да биде 29 метри и да има осум ката плус приземје и поткровје, за разлика од старата препознатлива зграда која беше трикатница. Покрај другото соинвеститорот е задолжен да изгради и подземно паркиралиште со најмалку две нивоа. ВМРО-ДПМНЕ ја избра скопската градежна фирма „Бетон“.

Инвеститорот во новата зграда треба да предвиди два дела кои ќе имаат посебни влезови и откако ќе финишира градењето фирмата ќе биде обврзана едниот дел да и го отстапи на ВМРО-ДПМНЕ по принципот „клуч на рака“.

Тогаш во медиумите излезе информација дека седиштето на ВМРО-ДПМНЕ до Нова Година може да стане шесткатница на која ќе има скулптури и видиковец на покривот, налик на новата зграда во која ќе биде сместено Министерството за надворешни работи.

Поврзани новости