526
Медијаторот на Обединетите нации, Метју Нимиц, од денеска престојува во дводневна посета на Македонија, каде што ќе има средби со државниот и политички врв. Нимиц првите саати од престојот во Македонија ги искористи за да ја вкуси македонската кујна. Тој денеска е забележан како излегува од ресторанот „Ла Тераза“ на плоштад Македонија.
Во текот на утрешниот ден, медијаторот Нимиц ќе оствари средби со претседателот Иванов, премиерот Заев, министерот за надворешни работи Димитров, како и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и ДУИ, Ахмети.
Како што пишуваат грчките медиуми се очекува Нимиц на раководството во Македонија да му ги пренесе грчките предлози за решавање на името, а ќе се разговара и за неговите идеи.
Фото: Томислав Георгиев