987
По реакциите на социјалните мрежи, дека во апликациите за работни места како државјанство , место „македонско“, НАТО користи „државјанин на Северна Македонија“, се јави шефот на дипломатијата Никола Димитров со порака – дека грешката е исправена.
„Зборувавме со НАТО и ја поправија грешката. Благодарност до добронамерните на укажувањето. За некои пак, веќе нема да има причина за (зло)радост“, вели министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Зборувавме со НАТО и ја поправија грешката. Благодарност до добронамерните на укажувањето. За некои пак, веќе нема да…
Publiée par Никола Димитров – Nikola Dimitrov sur Samedi 23 mai 2020