(ФОТО) Најмасовен почеток на протестот досега

by Фокус

Пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство започна протестот против одлуката на Иванов за општа аболиција. Уште пред 18 часот граѓаните почнаа да се собираат пред СЈО како знак на поддршка на ова тело, а во секоја минута протестот станува се помасовен. Забележливо е најголемо присуство на граѓани досега во споредба со протестите од минатата недела.

Според планираната рута, од Специјалното обвинителство демонстрантите треба да продолжат кон Собранието на Република Македонија, а потоа и кон Владата. Како што ни јавуваат нашите репортери од терен, во овие моменти поворката демонстранти тргнува кон Собранието.

pocetok

Поврзани новости