737
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на протестниот марш во Штип во еден момент од говорот клекна на колена пред собраните поддржувачи, а тоа го поткрепи со зборовите:
-Велат никогаш не треба лидерот да го видат на колена неговите следбеници и поддржувачи. Но, јас имам одговор: Ако претседателот и лидер не клекне на колена пред неговите следбеници, тогаш не ја заслужува нивната доверба. Стојам пред вас како пријател и човек загрижен за истите работи. Не смееме да имаме тајни меѓусебе. Туку отворени срце и добри намери, рече Мицкоски.