529
Министерството за култура доби нова профилна слика во боите на „Шарената револуција“ на официјалната Фејсбук страница на институцијата.
Промената доаѓа по преземањето на функцијата од новиот министер Роберт Алаѓозоски и неговиот тим, од претходничката Елизабета Канческа Милеска.
Деновиве на социјалните мрежи се појавија повеќе повици од граѓани и активисти упатени до министерствата да не ги бојадисуваат фасадите на зградите и да ги остават боите и трагите од протестите на Шарената револуција.