785
Мајмунчето Лука денеска попладне беше вратено во скопската Зоолошка градина. Лука престојуваше во Зоолошката во Битола, но откако се појавија фотографиии во кави услови е сместен, веднаш беше одлучено да се врати во Скопје.
В.Д. директорот на скопската Зоолошка, Ѓорѓи Галетановски во изјава за „Фокус“ вели дека Лука нема да биде сам.
-Утринава нашиот тим отиде во Битола на лице место и го донесе Лука назад, но сега во друштво со пријателка со која ептен се дружат, така што нема да биде сам овде. Нашите ветеринари и биолози го дезинфицираа и го обезбедија живеалиштето и двете мајмунчиња да ги имаат сите потребни услови, рече Галетановски.