На 6 март пресуда за заканувачот Емил Јакимовски

by fokus

Судијката Џанета Бегтовиќ за на 6 март ги закажа завршните зборови и пресудата за поранешниот вработен во Ценралниот регистер и член на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Јакимовски  на кого му се суди за загрозување на безбедноста на неговата поранешна сопруга и новинарката Мери Јордановска.

Денеска се одржа ново рочиште на кое исказ даваа оштетените, поранешната сопруга, Драгана Јакимовски  и  Јордановска, пишува Јанаки знае.

Поради изнесување на приватни околности, јавноста и на ова рочиште беше исклучена.

Во меѓувреме на Јакимовски му е продолжен притворот за нови 30 дена.

Јакимовски беше уапсен на 17 јануари поради закани кон Јордановска, новинарката Искра Коровешовска и директорката на Централниот регистар. Претходно Јакимовски имал условна казна за семејно насилство.

Поврзани новости