2.8K
Скршен нос и рака и длабока расекотина на главата на која му ставиле 16 конци заработил во синоќешниот напад, сопственикот на порталот Доказ. Го тепале петтмина со шипки пред влезот на неговиот дом.
На претепаниот Стаменковски ќе му биде опериран скршениот нос. Тој вели дека на безбедносните камери на зградата во која живее снимени се и убаво се гледаат напаѓачите. Според него сите се блиски со власта и имаат криминално досие
– Само што се разделив со пријателот со кој пиев кафе во кафуле веднаш до мојот дом во близина на училиштето Песталоци, тие во влезот ме бутнаа на земја, ме клоцаа, ме газеа и ме мавааа со метални шипки по главата – вели тој.
Синоќешниот беше за само неколку месеци втор напад врз Стаменковски од засега непознати лица.